Претходна статија
Ќерамидница останува интересна за станбена изградба
Следна статија
Се враќа оптимизмот кај градежните компании

Стартуваше рехабилитацијата на автопатската делница Катланово – Велес

Објавено на 11.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

М-1, делница Катланово - ВелесСо инвестиција во вредност од 7,2 милиони евра, во наредниве 18 месеци ќе се рехабилитираат 27,5 километри од автопатот М-1, односно делницата од Катланово во правец кон Велес. Градежните работници на „Гранит“ денес започнаа со работи на терен кои опфаќаат обновување на коловозот, санација на косините, насипите и местата каде има нестабилни карпи и одрони, електричната инсталација во тунелите, како и обнова на хоризонталната и вертикалната сигнализација. За време на работите ќе се спроведува привремен сообраќаен режим со затворање на една сообраќајна лента по потреба. Засега нема детали кога ќе се врши рехабилитација на автопатот во спротивниот правец, од Велес кон Катланово, каде што состојбата на коловозот е многу полоша. Инаку овој сегмент на автопатот М-1 е еден од најпрометните патишта во Македонија, со просечно околу 9.000 возила дневно (ПГДС). Проекциите се дека за десет години, оваа бројка ќе достигне 14.000 возила.

 

 

»Форумска дискусија за овој проект