Претходна статија
Заглавена е реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Прилеп
Следна статија
Од почетокот на октомври ќе нема возови кон Белград и Солун

Стартуваше изградбата на пречистителната станица за вода за пиење во Липково

Објавено на 15.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи денеска го означија почетокот на изградбата на филтер станицата и доводниот цевковод за водоснабдување во Липково, проект вреден 84 милиони денари. Премиерот Заев истакна дека со овој проект ќе започне водоснабдувањето во Липково, кое ќе обезбеди питка вода за жителите од населените места во оваа општина.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Министерот Сугарески истакна дека со тековниот проект се создаваат услови за развој на водоводната мрежа во 22 населени места од општина Липково, како и ќе се работи на изведба на цевковод во должина од 570 метри до Липково. Тој додаде дека не се работи само во оваа општина, бидејќи од мај годинава биле склучени 20 договори за изградба на водоводи и канализации низ неколку населени места во земјава. Дополнително, во моментов се активни тендерите за седум општини.

 

Премиерот додаде дека македонската влада обезбедила околу 100 милиони евра за изградба и реконструкција на комуналната инфраструктура во општините низ земјава, кои се обезбедени од средствата од ТАВ, новата кредитна линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ), заштедите на јавните претпријатија и неискористените постојни средства на ЕИБ. Тој очекува дека локалните самоуправи ќе достават квалитетни проекти што ќе бидат избрани за финансирање од овие достапни средства.