Претходна статија
Скопје годинава ќе ја започне изградбата на три нови значајни булевари
Следна статија
Градот Скопје го презентираше Зелениот катастар

Стартува проектот за изведба на фотоволтаични системи во 35 општини низ земјава

Објавено на 15.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Владиниот проект за набавка и инсталирање на фотоволтаични системи во 35 македонски општини започна да се реализира во реалноста. Со грантот во висина од 2 милиони евра добиен преку ИПА компонентата на Европската Унија ќе се инвестира во искористувањето на сончевата енергија во четирите региони што имаат најнизок БДП во Македонија. Берово, Кочани и Виница се дел од градовите што веќе се одлучија на кои објекти од јавен карактер ќе инсталираат фотоволтаични системи.

 

 

Во Кочани вакви иновативни системи ќе се постават на крововите на средните училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, како и на општинската зграда. Фотоволтаици за ползување на сончевата енергија во Берово ќе се монтираат на пречистителната станица за отпадни води, во основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ и во средното училиште „Ацо Русковски“. Општинските власти од Виница се одлучиле да постават фотоволтаични системи на зградата на локалната самоуправа, како и на покривите на градинката „Гоце Делчев“ и гимназијата „Ванчо Прке“.

 

Во претстојниот период и општинските раководства на останатите 32 избрани општини ќе треба да соопштат на кои јавни објекти планираат да инсталираат фотоволтаици. Проектот беше промовиран во август минатата година, при што истиот се спроведува преку Проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии.