Претходна статија
Два хотела и индустриски објект ќе се градат покрај аеродромот „Александар Велики“
Следна статија
„Конти Хидропласт“ ќе ја гради секундарната гасоводна мрежа во Струмица

Старата чаршија во Скопје блесна со ново осветлување

Објавено на 25.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Сношти беше промовирано новото улично осветлување во Старата скопска чаршија. Со проектот се опфатени 19 улици, кои се осветлени со вкупно 462 алуминиумски декоративни фенери со пескарени стакла и со флуоресцентна штедлива светилка од 60W. Канделабрите се монтирани врз 158 декоративни лиени тросегментни столбови и на 84 ѕидни конзоли. За напојување со електрична енергија беше поставен електричен кабел во вкупна должина од 4.200 метри, како и пет нови разводни ормари.

 

Со проектот се осветлени улиците: Битпазарска, Дрварска, Покриена чаршија, Градиште, Лазар Танев, Подграѓе, Јорганџиска, Макарија Фрчковски, Казанџиска, 694, Ќурчиска, Евлија Челебија, 412, Папуџиска, Петар Михов, Теодосиј Гологанов, Ковачка и Самарџиска.

 

При почетокот на градежните работи беше најавено дека инвестицијата ќе биде во висина од 24,8 милиони денари, но последните информации од Град Скопје говорат дека цената пораснала на 30 милиони денари. Финансиите ги обезбедија Градот и Општина чаир, со подеднакво учество од 50% во вкупната сума. Проектот го реализираше група изведувачи: „Макпримат“ од Скопје, „Инженеринг ДАСС“ од Охрид, „Гранит електрика“ од Скопје и „Адра“ од Скопје.

 

Ново осветлување во Старата скопска чаршија (извор: Град Скопје)Ново осветлување во Старата скопска чаршија (извор: Град Скопје)

 

 

 

» Форумска дискусија за Старата скопска чаршија

 

» Фото – нишка за Старата скопска чаршија