Претходна статија
Официјален камен темелник за новото МНР
Следна статија
Потпишан договорот за 202 двокатни автобуси

„Стара“ фасада за „Пелистер“

Објавено на 14.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Како што најавија градските власти по презентацијата на визуелизацијата „Скопје 2014“, ќе се менува изгледот односно фасадите на повеќе објекти во центарот на Скопје, за и тие да бидат во стилот кој го наметнува овој проект. Прва во процедура за таква трансформација влезе зградата на улица 11 Октомври бр.2, попозната како „Пелистер“, според името на ресторанот на нејзиното приземје. Постигнат е договор со станарите и распишан е конкурс за идејно решение. Трудовите треба да бидат доставени најдоцна до 14 мај, а за првонаградениот ќе следи надоместок од 90.000 денари, додека по 15.000 денари се предвидени за два откупени труда. После изборот на идејно решение ќе се распише и оглас за изведувач. Ако се тече според предвидното, обновувањето на фасадите на првите објекти се најавува за крајот на оваа или почетокот на 2011 година.