Претходна статија
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде збогатен и со аква парк
Следна статија
„Купи куќа, купи стан“ ќе стартува кон крајот на јануари

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде збогатен и со аква парк

Објавено на 09.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На запуштениот простор околу терасата на базенот „Младост“ во Карпош, управата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ планира да гради аква парк [»мапа]. Паркот би опфатил 5.600 метри квадратни нова површина, додека заедно со летната тераса на „Младост“ би имал вкупно 6.500 метри квадратни.

 

Предвиден е базен со бранови, разни видови тобогани од кои најголемиот е долг 45 метри и е со висина од 15 метри, голема прекршена лизгалка, инка, мрзлива река со водопад и остров за релаксација во средината. Исто така ќе има „детски свет“ со потопен брод-играчка и разни реквизити за најмладите. Во рамките на аква паркот ќе функционираат четири барови кои ќе можат да опслужат вкупно 250 гости, а целиот комплекс ќе може да прими најмногу 1.000 посетители. За реализација на овој проект Општина Карпош треба да направи измена во деталниот урбанистички план, бидејќи во моментов на тој простор е зацртан паркинг.

 

Висината на инвестицијата се проценува на 2.800.000 евра. Физибилити студијата и идејниот проект ги изработија Методи Хаџи-Андов и Игор Мартиноски, а 3Д визуелизациите се дело на Златко Лазаровски и Бојан Тасев.

 

 

###

###