Општина Центар за лиење на скулптура и рељефи во бронза за спомен – обележјата на Васил Чакаларов и Христо Узунов ќе одвои 27.712.772 денари или нешто повеќе од 450.000 евра, иако првичната сума што се наведуваше на седницата на Советот на општината во текот на минатиот јуни изнесуваше околу 140.000 евра за двата споменика. Финалната реализација на спомен – обележјето за Васил Чакаларов ќе ја изработи РЖ Институт за 20.532.000 денари, а споменикот ќе биде комплетиран до крајот на ноември годинава. Скопската леарница „Панко“ ќе ја лее во бронза скулптурата на Васил Узунов за 7.180.772 денари, при што обележјето за овој македонски револуционерен деец ќе биде завршено до крајот на август годинава.
Автори на споменикот на Васил Чакаларов се уметниците Дарко и Елена Дуковски, додека Сокол Цфарку го изработи споменикот на Христо Узунов. Новиот кружен тек на вкрстувањето помеѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Мито Хаџивасилев Јасмин и Костурски херои е локацијата на која ќе се постави споменикот на Чакаларов, додека второто обележје ќе се смести спроти Министерството за правда на улицата Димитрја Чуповски во центарот на Скопје. Двата споменика ќе биде бидат високи по пет метри.