Претходна статија
Вложувањето во заштеда на енергија е вистинскиот одговор на поскапувањето на струјата
Следна статија
Камен темелник за Плоштадот „Скендербег“

Соларна електрана ќе се гради во општина Илинден

Објавено на 17.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден преку електронско јавно наддавање продаде градежно неизградено земјиште со површина од 20.000 метри квадратни на кое ќе се гради соларна електрана со предвидена инсталирана моќност од 1 мегават (MW). Според интернет страницата на општина Илинден, новиот фотоволтаичен систем, што ќе ја употребува алтернативната енергија од сонцето, ќе се инсталира на парцела во населеното место Ајватовци, но засега не е соопштено името на компанијата што ќе инвестира во овој енергетски објект.

 

 

 

Ако се анализира според моќноста, тогаш општина Илинден ќе ја добие втората по големина соларна електрана во земјава. Во текот на јули минатата година во општина Новаци беше пуштена во употреба првата позначајна инвестиција од овој тип во Македонија од скопската компанија „Мега Солар“. Во битолското село Гермијан започна со работа фотонапонска електрана со капацитет од 1 MW, а вкупната вредност на изградениот објект изнесуваше 3 милиони евра. Официјалните податоци покажуваат дека Македонија сеуште е на последното место според бројот на изградени електрани и нивната инсталирана моќност во однос на државите од регионот, кога станува збор за искористеноста на сонцето како обновлив извор на енергија.

 

 

Бојан Блажевски