Претходна статија
Фабриките од индустриската зона Визбегово го чекаат ветениот водовод
Следна статија
Македонците во иднина ќе можат полесно да вложуваат во недвижности во странство

Со средствата од ИПАРД ќе се градат фотоволтаици и сместувачки капацитети во македонските села

Објавено на 05.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со 24-те потпишани договори во рамките на ИПАРД 2 програмата ќе се градат нови објекти што ќе овозможат развој на руралните средини во земјава. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека обезбедените 7,7 милиони евра ќе се инвестираат во изградба на фотонапонска централа, објект за преработка на метал, сместувачки капацитети, фабрика за производство на медицински помагала, дом за стари лица и други проекти што ќе овозможат развој на македонските села. Со мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ ќе се овозможи поттикнување на агробизнисите во руралните средини, со кои ќе се подобрат условите за живот во селата.

 

 

Од надлежното министерство информираат дека со првиот јавен повик биле одобрени 930 проекти со финансиска поддршка од околу 18 милиони евра. Платежната агенција до денеска има доставено 589 барања за исплата на завршени инвестиции, при што за 129 инвестиции веќе се исплатени 1,5 милиони евра. Инаку, за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД 2 програмата пристигнале 65 апликации со побарувана сума од 15,9 милиони евра.