Претходна статија
Распишан оглас за изработка на проектот за изградба на булевар „Македонско Косовска бригада“
Следна статија
Продолжува изградбата на новото основно училиште во Капиштец

Со средства од ЕУ регулирано коритото на Козјачка река во Карбинци

Објавено на 26.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектот за регулација на мајор коритото на Козјачка река во општина Карбинци е завршен. Со средства од Европската Унија во износ од 178.000 евра, изградени се заштитните ѕидови на коритото на Козјачка река. Локацијата на проектот денеска ја посети министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Со реализираниот проект ќе се овозможи заштита од поплави на населението од Карбинци, коешто во изминатиов период беше сведок на чести излевања на речните води при поголеми врнежи.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Обезбедените средства од ЕУ се во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, во партнерство меѓу општините Карбинци и Струмјани. „Во имплементацијата на проектите од програмите за прекугранична соработка што Република Македонија ги спроведува со своите соседи, финансирани од Европската Унија, се вклучени над 200 партнери, а придобивките ги чувствуваат сите граѓани“ изјави министерот Сухејл Фазлиу.