Претходна статија
Викендов завршува 27. Меѓународна летна школа по архитектура во Лазарополе
Следна статија
Почнува изработката на проект за изградба на тунел под скопското Кале

Со претстојниот кредит од ЕБОР можат да се купат и до 50 автобуси за ЈСП – Скопје

Објавено на 12.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ги објави општите информации за претстојната набавка на нови автобуси на природен гас за ЈСП – Скопје. Од банката потенцираат дека кредитот вреден околу 10 милиони евра ќе овозможи купување на околу 50 еко – автобуси за ова сообраќајно претпријатие. Тендерската постапка за набавката на овие автобуси ќе започне во втората половина од годинава, при што во постапката ќе може да учествуваат автобуски производители од било која земја.

Набавката на автобусите на природен гас ќе овозможи делумна обнова на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие. Градоначалникот Петре Шилегов веќе најави дека две-третини од возилата ќе бидат зглобни автобуси, коишто ќе овозможат зголемување на капацитетот за превоз на патници во Скопје наутро и во попладневните часови. Заедно со еко – автобусите, тендерот предвидува и набавка на дополнителна инфраструктура што ќе овозможи непречена работа на овие превозни средства на природен гас.

 

Идните автобуси за ЈСП – Скопје се очекува дека ќе го намалат испуштањето на јаглерод диоксид во воздухот. Удобноста, брзината и новата технологија на возилата би можела да доведе и до зголемено користење на скопскиот јавен превоз, со што би се намалил постојниот сообраќаен метеж во градот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk