Претходна статија
Градежништвото лани во слободен пад и на странските пазари
Следна статија
ТЕМА: Намалена бројката на нови станови низ целата земја, ќе има ли зголемување на нивната цена?

Со пари од ЕБОР ќе се модернизираат патарините на Коридор 8

Објавено на 15.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Покрај целосната модернизација на патарините долж Коридорот 10, Јавното претпријатие за државни патишта со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ги надградува и наплатните рампи кон Тетово и Гостивар. Проектот ќе овозможи воведување на електронска наплата на патарините долж сите македонски автопати. На Коридорот 8 би се модернизирале пет наплатни рампи, а би се граделе и дополнителни три патарини. Со заемот од ЕБОР веќе се спроведува опремувањето на оперативниот центар на наплатните станици, лоциран во близина на Петровец.

 

Проектот опфаќа изведба на дополнителна коловозна лента на наплатната станица „Миладиновци“, како и поставување на соларни панели за производство на електрична енергија на 15 наплатни станици низ земјава. Со зелената енергија што ќе се произведува од овие фотоволтаици ќе се задоволуваат 45% од потребната струја за непречена работа на патарините, информираат од ЕБОР.

 

Целокупниот проект е вреден 14,4 милиони евра, од кои 13 милиони евра се обезбедени од ЕБОР. Неговата реализација ќе значи целосно воведување на електронскиот систем за наплата на патарина на македонските патишта, односно целосно унифициран и интероперабилен систем.