Претходна статија
Отстранетиот споменик на Ќосето доби билет во еден правец кон Сопиште
Следна статија
Повик за изработка на архитектонско - урбанистички и основен проект за нов градски пазар во Делчево

Со кредит од ЕБОР ќе се реконструираат 400 километри патишта во Македонија

Објавено на 27.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонија ја подигна втората транша од заемот во висина од 181 милион евра за подобрување на патната инфраструктура во земјава. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја финансира реконструкцијата на регионални и локални патишта со должина од преку 400 километри. Договорот вреден 86 милиони евра го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан. Министерот Тевдовски изјави дека унапредувањето на инфраструктурата во земјава е еден од приоритетите на македонската влада.

 

 

Со одобрениот заем ќе се финансира реконструкцијата на 26 делници од регионални и локални патишта низ македонските општини. Оваа инвестиција е поддржана од техничките кооперативни фондови на Централната Европска Иницијатива, обезбедени од италијанската влада. На одржаниот самит во Лондон присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев, којшто оствари средба со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти.