Претходна статија
Наместо систем за самоизнајмување велосипеди, Град Скопје ќе дели субвенции
Следна статија
Еколозите бараат од премиерот да стави мораториум на градењето во Охридскиот регион

Со ЕУ грант од 516.000 евра ќе се регулира коритото на Сува река во Гевгелија

Објавено на 22.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Потпишан е договорот за реализација на проектот „Одржливо управување на прекуграничните водни ресурси – AQUA-M 2“, за чија реализација на Општина Гевгелија од ЕУ преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Република Грција ѝ беа доделени 516.000 евра за регулација на дел од коритото на Сува река. Проектот се реализира во соработка меѓу Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“, додека од грчка страна партнери се Универзитетот Аристотелу во Солун и општинските водостопански претпријатија во Пеонија и Халкидона.

 

*Регулираното речно корито на Луда Мара во Кавадарци; Фото: Архива на „Билд“.

 

Со инвестицискиот зафат е предвидено да се регулира дел од коритото на Сува река во Гевгелија, во должина од 600 метри. Станува збор за најкритичниот дел од коритото, којшто досега предизвикувал излевање на речните води, информираат локалните власти. Со претстојниот проект се предвидува формирање на минор коритото на регулација, седум каскадни прагови, а ќе бидат изведени и заштитни насипи, така што дното и бреговите од коритото ќе бидат соодветно обликувани. Воедно, ЈПКД „Комуналец“ ќе добие современа лабораторија за мерење на квалитетот на водата во вредност од 123.807 евра.