Претходна статија
Свети Николе заштитено од поплави со два проекти финансирани од ЕУ
Следна статија
Автопатот Миладиновци - Штип ќе биде пуштен во употреба во предвидениот рок

Со 400.000 долари реката Сатеска ќе се враќа во старото корито

Објавено на 17.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проблемот со внесување на загадени води во Охридското езеро ќе се решава со враќање на реката Сатеска во старото корито. Во 2019 година ќе биде донесен планот за управување со целокупното сливно подрачје, по што ќе започне реализацијата на овој проект. „Со тоа Охридското езеро станува почисто и се ослободува од сите оние седименти, од азот и од фосфор кои се главни загадувачи“ изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски, кој денеска изврши посета на локацијата заедно со градоначалниците на Струга и на Дебарца и со Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

 

*Извор на фотографија: Општина Охрид

 

Со зафатот ќе се изврши проширување и одржува на старото корито на реката Сатеска, која во далечната 1961 година била пренасочена од вливањето во реката Црн Дрим кон Охридското езеро. Доколку ваквиот проект биде реализиран, ќе биде отстранет еден од најголемите загадувачи на езерото заштитено од УНЕСКО. Средствата за проектот ќе се обезбедат од европските фондови, при што истиот ќе се реализира преку УНДП.