Град Скопје објави тендер за избор на компанија што ќе го проектира, набави и гради зип – лајнот на Скопското Кале. Оваа надворешна содржина за спортување ќе има почетна станица под Музејот на современа уметност, ќе оди преку реката Вардар и ќе завршува на кејот во близина на фудбалскиот стадион. Проектот е во вредност од 4,9 милиони денари.
Зип – лајнот е предвидено да се изгради во рок од 180 дена по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач. Заинтересираните компании ќе имаат рок до 18 април за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка, по што ќе се избере изведувачот на проектот. Зип – лајнот ќе им овозможи на граѓаните да се бават со нова спортско – рекреативна содржина, но и ќе се овозможи развој на алтернативниот туризам во Скопје.