Претходна статија
Скопски „Бетон“ лани остварил профит од 30,8 милиони денари
Следна статија
Архитектите и инженерите се противат на предложениот Закон за бесправно изградени објекти

Со 15,2 милиони денари ќе се реконструира главната улица во Струга

Објавено на 15.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Струшката градежна фирма „Илинден“ ќе ја изведува реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со западно колекторска до магистралниот пат М2. Проектот опфаќа обнова на улицата во должина од 645 метри, заедно со поставување на атмосферска канализација и ново улично осветлување. За градежниот зафат се издвоени над 15,2 милиони денари од буџетот на општина Струга, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки. Рокот за изведба на градежниот зафат е 90 дена.

 

*Од минатогодишната реконструкција на дел од улицата „Маршал Тито“ кај градскиот пазар

 

Улицата „Маршал Тито“ е главната улица од Струга, која започнува како шеталиште од општинската зграда и минува низ старата чаршија, продолжувајќи како улица кон градскиот пазар и западниот излез на градот.