Претходна статија
Нова шанса за проектот Сончев град
Следна статија
Пронајден е инвеститор за новата зграда на Општина Центар (Дополнето)

Со 1,4 милиони евра ќе се рехабилитира патот кон Бошков мост

Објавено на 26.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Илинден“ од Струга ќе ја реконструира делницата Гарски мост – Бошков мост, која е дел од регионалниот пат Р-2246 од селото Извор до Бошков мост, со што жителите и посетителите на населените места во мијачкиот крај ќе добијат поефикасна врска со останатиот дел од земјава. Агенцијата за државни патишта склучи договор со струшкото претпријатие во висина од 88.269.075 денари односно над 1,4 милиони евра за изведба на активностите за реконструкцијата. Компанијата доби рок од 36 месеци за да ги изврши неопходните градежните активности на патот кој се одликува со сложена конфигурација на планинскиот терен, а во одредени негови сегменти коловозот е оштетен и му е потребна санација.

 

Агенцијата за државни патишта, патната врска помеѓу Бошков мост и Извор е во вкупна должина од 33,56 километри. Само 12,041 километри од целокупната траса се прекриени со асфалт, додека на останатиот сегмент од 21,511 километри сообраќајот се одвива по макадам.