Претходна статија
Забрзано се гради автопатот Кичево - Охрид
Следна статија
За автопатот Гостивар - Кичево се обезбедија првите 20 милиони евра

Скопските училишта ќе користат еколошки горива за греење

Објавено на 06.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Една недела по промоцијата на проектот за замена на начинот на затоплување во две училишта во Ѓорче Петров, Министерството за животна средина и просторно планирање го промовираше завршениот проект за замена на системот на загревање во основното училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Долно Лисиче. Заменик-министерот Јани Макрадули и градоначалникот на Аеродром Златко Марин денеска го посетија овој училишен објект, кој од неодамна користи пелети за греење наместо досегашниот систем на нафта.

 

 

„Ова е прво училиште во Општина Аеродром што премина на ваков систем на загревање и се надевам дека во наредниот период и другите училишта во нашата општина што се загреваат на нафта ќе го следат овој пример“ изјави градоначалникот Златко Марин. Тој додаде дека трошоците за греење се преполовени со инсталирањето на новиот систем. Заменик-министерот Јани Макрадули посочи дека владината мерка „План за чист воздух“ пред два дена добил голема меѓународна поддршка на министерскиот состанок на Југоисточна Европа.

 

Владата планира да инвестира средства во замената на начинот на затоплување во скопските училишни објекти, со што директно ќе се влијае на намалување на загадувањето на воздухот. Образовните објекти се едни од поголемите причинители на аерозагадувањето, особено оние од руралните скопски средини што користат нафта или дрва за затоплување на училниците во зимскиот период.