Претходна статија
Нов мост на реката Брегалница и обиколница ќе се градат во Штип
Следна статија
Македонски железници лани постигнале историски најлош резултат во работењето!

Скопски саем утре ќе биде домаќин на трибината „Вредноста на македонската архитектура денес“

Објавено на 02.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во рамки на Меѓународниот саем за градежништво 2017, Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Скопски саем во текот на утрешниот ден ќе организираат трибина со наслов „Вредноста на македонската архитектура денес“. На трибината ќе се разговара за вреднувањето на професијата архитект во Македонија, цените на проектирање по кое работат архитектите и нивото на квалитет при имплементација на проектите во градба. Настанот ќе се одржи во Дипломатик салата на Скопски саем, со почеток од 15 часот.

 

Воведничари на трибината се Мартин Пановски од ААМ/Радиус архитекти, Маја Хаџи Јорданова од Јорд, Бујар Муча од Мегарон инженеринг, Стојан Павлески од Стоун дизајн и Никола Велкоски од Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија. Модератор на разговорот ќе биде Марта Илиевска од ААМ/Формика плус.