Претходна статија
Концесионер ќе го гасифицира скопскиот регион
Следна статија
Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе се пресели во охридската касарна

Скопски „Мегарон Инженеринг“ ангажиран за проектирање на новиот стадион во Битола

Објавено на 29.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Битола потпиша договор за изработка на проектната документација за изградба на фудбалски стадион со капацитет од 12.000 гледачи на местото на постоечкиот градски стадион под Тумбе Кафе. Проектантските услуги ќе ги реализира бирото „Мегарон Инженеринг“ од Скопје, кое е должно во наредните шест месеци да го изготви проектот за овој спортски објект. Според досегашните информации, фудбалскиот стадион е планирано да има две главни трибини со капацитет од по 4.000 гледачи и две помошни трибини што ќе можат да соберат по 2.000 гледачи. Проектната документација ќе треба да биде подготвена во согласност со стандардите на УЕФА, за да може во иднина на него да играат и меѓународни фудбалски натпревари.

 

 

 

Во склоп на спортската арена се предвидени и придружни објекти што треба да ги задоволат потребите на посетителите. За реализација на проектантските услуги за фудбалскиот стадион, од буџетот на општина Битола се издвоени 5.805.600 денари или околу 94 илјади евра. Огласот за избор на архитектонско биро беше објавен на почетокот од октомври минатата година.