Претходна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: ОУ „Јан Амос Коменски“ на чешкиот архитект Јиндрих Форст
Следна статија
„Гранит“ со намалена добивка во првото полугодие

Скопски „Бетон“ со добивка од над 21,2 милиони денари во периодот јануари – јуни 2018 година

Објавено на 31.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната фирма „Бетон“ од Скопје во првите шест месеци од 2018 година остварила консолидирана нето добивка во вкупен износ од 21.280.209 денари, се наведува во објавените финансиски извештаи на веб – страницата на Македонска берза. Остварените консолидирани вкупни приходи во овој период од годината се искачиле на 819.982.243 денари. Од друга страна, консолидираните вкупни расходи од работењето на скопски „Бетон“ изнесувале 798.702.034 денари.

Во првото полугодие од 2018 година биле инвестирани 3.075.368 денари во основни средства. Вкупните обврски на „Бетон“ од Скопје по краткорочни кредити изнесувале 747.371.861 денари, додека обврските по долгорочни кредити се заокружени на 96.784.474 денари. Ова претпријатие во периодот јануари – јуни 2018 година остварило дополнителни 15 нови вработувања.