Претходна статија
Прилеп конечно ќе добие нова меѓуградска автобуска станица
Следна статија
„Алпине“ отиде во банкрот, ќе има ли застој на проектите што се градат во Македонија?

Скопски „Бетон“ се пресели во нова деловна зграда

Објавено на 20.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Чествувајќи го Денот на градежниците, градежната компанија „Бетон“ од Скопје денеска го пушти во употреба својот нов деловен објект кој се наоѓа во населбата Капиштец, зад зградата на Министерството за економија. Новото седиште на гигантот во македонскиот градежен сектор ќе се користи како канцелариски простор за потребите на вработените од компанијата. Зданието што се градеше во изминатите десетина месеци претставува модерна архитектонска творба, во која се имплементирани неопходните еколошки стандарди. Објектот располага со сопствен паркинг простор, како и хортикултурно уредени зелени површини.

 

##

 

 

Компанијата „Бетон“, од нејзиното основање во 1947 година па сè до денес има изведено и проектирано објекти од секаков тип. Покрај на домашниот пазар, градежната оператива на оваа фирма во минатото има изградено објекти и Германија, Чешка, Либија, Ирак, Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Литванија и во неколку други земји.