Претходна статија
Градот Скопје ќе реконструира 13 средни училишта за 25,5 милиони денари
Следна статија
Плоштадот „ВМРО“ голта пари за непредвидени работи

Скопски „Бетон“ ќе го реконструира патот Ропалце – Матејче – Липково

Објавено на 15.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта ја избрала понудата на „Бетон“ од Скопје како најповолна во однос на реконструкцијата на делницата Ропалце – Матејче – Липково од државниот пат Р2133. „Временскиот период кој го опфаќа договорот е 40 месеци од денот на неговото потпишување, вклучувајќи и можни скратувања или продолжувања во согласност со посебните и општите услови на договорот“ информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. За изведба на градежните работи ќе се потрошат 106.490.436 денари. Тендерот за реализација на овој проект беше распишан на почетокот од мај годинава.

 

 

Делницата Ропалце – Матејче – Липково претставува еден сегмент од стариот пат меѓу Скопје и Куманово, но истовремено таа го поврзува Куманово со Општина Липково. Јавното претпријатие за државни патишта во 2014 година ја заврши реконструкцијата на патниот правец од Арачиново до Ропалце.