Претходна статија
Во 2014 Скопје ќе добие нова спортска сала за 5.000 гледачи
Следна статија
Македонија ќе добие Центар за позитрона емисиона томографија

Скопски „Бетон“ ќе го реализира надвишувањето на браната „Леуново“

Објавено на 04.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Мавровско езероЕЛЕМ склучи договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за довршување на браната „Леуново“ [»мапа], која е составен дел на мавровскиот хидроенергетски систем. Проектот за надвишување на постоечкиот објект е во вредност од 57.729.435 денари, односно нешто помалку од еден милион евра и ќе овозможи подигнување на работната кота на акумулацијата Мавровско езеро. Активностите на терен е планирано да завршат до 20 март 2013 година. На распишаниот тендер од државната ЕЛЕМ учествуваа четири компании, а скопски „Бетон“ е избран поради задоволување на пропишаните критериуми во документацијата, меѓу кои е и најниската цена.

 

Надвишувањето на браната е дел од втората фаза на ревитализацијата на македонските хидроелектрани, чија главна цел е зголемување на постоечкиот капацитет на овие енергетски објекти. „Леуново“ е една од двете брани со која е заградено Мавровското езеро. Се работи за земјано – насипна брана со јадро од глина и нафрлени камења, сместена на 1.235,2 метри надморска височина во близина на истоименото село. Должината на круната изнесува 820 метри, нејзината широчина е 6 метри и има вкупен волумен од околу 730.000 метри кубни земјен насип.