Претходна статија
Камен темелник за катна гаража кај „Беко“
Следна статија
Јане Сандански дојава во Аеродром

Скопска недела на архитектурата 2011

Објавено на 23.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Во периодот од 1 до 6 јуни, под тема „Суперград“, ќе се одржи „Скопска недела на Архитектурата 2011“, проект со четиригодишен континуитет. Фестивалот претставува собирање на реномирани светски архитекти, со цел светската современа архитектонска мисла да биде соодветно пренесена и во Македонија. Целната група не е ограничена само на архитектонската фела, туку фестивалот е наменет за сите граѓани.

 

Во претходните три изданија (Форум Скопје), акцент беше даден на современиот дух на Западна Европа и Северна Америка. Оваа година генералната тема на фестивалот ќе биде „Суперград“. Супер град гледан во социо – културолошки контекст односно како мега структура која не носи со себе само структурални импликации, туку разработува социо – филозофски контексти. Градот е на грашаните и соодветно пулсира под налетот на различните енергии кои секојдневно го менуваат ткивото на суперградот. Каде и како се опипуваат овие импликации во Европа и Светот денеска? „Скопска недела на Архитектурата 2011“ се обидува да ги избрише границите помеѓу гео – социолошкиот диверзитет на поимања на работите и процесите во архитектониката на градот.

 

Бројни експерти на полето на архитектурата, дизајнот, урбанизмот и социјологијата од целиот Свет, ќе држат предавања во три целодневни сесии. Се очекуваат преку 40 предавачи од Германија, Австрија, Хрватска, Латвија, Естонија, Белгија, Србија, Албанија, Косово, Унгарија, Италија, Грција, Бугарија, Чешка и Македонија. Фестивалот вклучува и изложби, дебати, студентски работилници, филмска и музичка програма, како и специјални гости.

 

Настанот ќе се одржува во просториите на Домот на АРМ како и на платото пред Домот на АРМ, каде ќе биде поставен игло – шатор за 300 лица, кој ќе служи како лонж бар, место за одмор, место каде ќе се собираат странските гости и место кое ќе биде главен „лендмарк“ на Скопје помеѓу 1 и 6 јуни.

 

За подетални информации посетете го сајтот:

http://skopjearchitectureweek.com

 

Програма: