Претходна статија
Летово ќе профункционира Центарот за управување и контрола на сообраќајот во Скопје
Следна статија
ААМ со повик за учество на утрешниот протест „Го сакам ГТЦ“

Скопје: помеѓу утопијата и прагматизмот

Објавено на 13.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Музејот на Град Скопје до 30 јуни е домаќин на меѓународната изложба на архитектонски проекти со наслов „Недовршени модернизации: помеѓу утопијата и прагматизмот“. Изложбената поставка е групирана во пет поглавја: простори на репрезентација, на глобална размена, политики на урбаниот простор, одликување на просторните практики и југословенскиот архитектонски простор. Завршницата од двегодишниот обемен проект во наредните недели ќе има можност да ја разгледаат скопјани, по повод одбележувањето на 50 – годишнината од скопскиот земјотрес. Помеѓу еминентните странски автори, со свои трудови во делот на политиките на урбаниот простор учествуваат архитектите Дивна Пенчиќ, Биљана Спиркоска и Јасна Стефановска со „Урбаните трансформации на Скопје – Просторна изградба во различни општествено – политички контексти“ и творбата на Инес Толиќ „Јапонија гледа кон запад – Реконструкцијата на Скопје во светло на глобалните амбиции и локалните потреби“.

 

Во музејскиот простор се поставени макети, фотографии и детални урбанистички планови кои ги прикажуваат различните архитектонски концепти и најважните процеси на урбанизација во Загреб, Нов Белград, Пула и Сараево. Авторите со своите дела се обиделе да го апсолвираат односот помеѓу архитектурата и општествената реалност на југословенските простори. По крајот на изложбата во Скопје, поставката е предвидено да се претстави и во Загреб.