Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Празничните денови донесоа нови споменици во Скопје
Следна статија
Заврши првата фаза од проширувањето на булеварот Трета Македонска бригада

Скопје ја доби првата автоматизирана катна гаража

Објавено на 09.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По три години градежни работи, катната гаража „Солунски конгрес“, лоцирана помеѓу објектите на МЕПСО и Македонски пошти во строгиот центар на Скопје, е подготвена да ги прими првите автомобили. Новата автоматизирана катна гаража денеска беше пуштена во употреба. Инфраструктурното здание има едно подземно, девет надземни и едно полуниво, на кои можат истовремено да се паркираат 280 возила. Објектот нуди најсовремена технологија за паркирање во главниот град, која се состои од влезно – излезен терминал, терминал за предавање на возилото, наплатен терминал, информативен систем, следење на процесот за преземање на возилото и идентификација за слободен лифт. Во катната гаража е предвиден простор за кафе – ресторан и ресторан – видиковец на поткровјето. Вкупната површина на објектот изнесува 8.222 метри квадратни.

 

 

 

 

Финансиската конструкција на овој проект изнесува 5,5 милиони евра. Нејзин инвеститор е Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката – Скопје (АДСДП), додека градежните работи ги изведуваше „Гранит“ од Скопје. Проектната документација за катната гаража „Солунски конгрес“ ја изработи ГМС Проект од Скопје. Цената на паркирање во овој објект ќе изнесува 40 денари за првиот час, 30 денари за вториот час и 20 денари за секој нареден час.

 

 

На денешното свечено пуштање во употреба на зданието беше присутен македонскиот премиер Никола Груевски и директорот на АДСДП Цветко Грозданов. Премиерот Груевски најави дека во наредниот период треба да се довршат уште три катни гаражи со вкупен капацитет од 1.172 возила, додека во иднина е предвидено да се изградат уште седум вакви објекти со простор од околу 1.700 паркинг – места. Првиот човек на АДСДП изјави дека катната гаража „Солунски конгрес“ претставува прв објект од ваков вид на Балканот и во Југоисточна Европа. Изградбата на оваа катна гаража стартуваше на почетокот од август 2011 година.

 

###

###

###

###