Претходна статија
Во тетовско Желино се гради првата фабрика за рециклажа на гуми во Македонија
Следна статија
Со 7,8 милиони денари ќе се гради втората паркинг платформа на реката Отиња во Штип

Скопје домаќин на 16. Подунавско – европска конференција за геотехничко инженерство

Објавено на 07.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Во Скопје денеска се отвори 16. Подунавско – европска конференција за геотехничко инженерство. На конференцијата со тема „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“ учествуваат повеќе од 250 научници – геотехничари и инженери, коишто ќе се претстават со повеќе од 150 стручни трудови. Ваков настан за првпат се одржува во Македонија, при што на него учествуваат врвни научници што ќе ги презентираат своите резултати за влијанието на геотехничките опасности врз инфраструктурата, лизгање на земјиштето, вештачки падини, длабоки ископувања, опасности од поплави и земјотреси.

 

*Извор на фотографија: Претседател на Р.М.

 

На денешното отворање на конференција се обратија проф.д-р Милорад Јовановски, претседател на Друштвото за геотехника на Македонија и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, којшто на професорот Хајнц Брандл од Техничкиот универзитет во Виена му додели Медал за заслуги на Република Македонија. „Како покровител на оваа значајна Меѓународна конференција, уверен сум дека ќе придонесе во изнаоѓањето на неопходните практични и применливи решенија на овие геотехнички предизвици“ изјави претседателот Ѓорге Иванов.

 

Меѓународниот настан е во организација на Друштвото за геотехника на Македонија, во соработка со Градежниот факултет при УКИМ, Комората на овластени архитекти и инженери и Инженерската институција на Македонија.