Претходна статија
Владата ќе одвои 4,5 милиони евра за инфраструктурни проекти во руралните средини
Следна статија
Тендер за Музејот на праисторискиот период на скопското Кале

„Скопје 2014“ збогатен и со вртелешка

Објавено на 15.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После пет неуспешни тендери за набавка на детска вртелешка за центарот на Скопје, шестиот конечно резултираше со нејзино поставување во близина на Камениот мост и мостот „Око“, иако првично беше најавувана локација во близина на идната катна гаража кај МЕПСО. Вртелешката е монтирана на специјална кружна бетонска платформа и како реквизити има коњчиња, ротирачки чаши и кочии, со вкупен капацитет за 31 лице. Проектот тежок 163 илјади евра го спроведе Градот Скопје преку јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Вртелешката е изработена од италијанска фирма, а набавката и монтажата како најповолен понудувач на последниот тендер ја реализира „Техометал Вардар“.

 

####