Општина Центар денес презентираше анимација под име „Скопје 2014“ на која се претставени најголем дел од актуелните проекти во центаралното градско подрачје кои ја брануваат јавноста. Од општината велат дека анимацијата е направена со цел да се расчистат дилемите за изгледот, локацијата и големината на најавените споменици и објекти. Во анимацијата се опфатени предвидените згради покрај кејот и околу Плоштад Македонија, надградбата на Собранието со куполи, новите пешачки мостови, триумфална порта кај зградата на Пелагонија, обелиск во паркот „Жена Борец“, бројните најавени скулптури и споменици, вклучувајќи го и оној на Александар Македонски и предвидените врби и водоскоци во коритото на Вардар. Новина е радикалната промена на фасадите на повеќе постоечки згради.
Форумска дискусија на оваа тема –> овде
Преземете ја анимацијата „Скопје 2014“ во mp4 формат (25 MB) –> овде
Галерија: