Претходна статија
Од 2014 година постапките за урбанистичките планови ќе течат по електронски пат
Следна статија
Општина Центар ќе гради ново училиште во Капиштец

Системската градба тема на третата „Кнауф Академија“

Објавено на 06.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Продолжува циклусот семинари „Кнауф Академија“. Во просториите на едукативниот центар M6 во Скопје, денеска се одржа третото издание, во фокусот на кое беше системската градба. За предностите на системската градба говореше Велимир Петровски, раководител за продажба во Кнауф Македонија. Тој се осврна на важноста на квалитетот и адекватноста на сите поединечни елементи кои го чинат системот и истакна дека со системската градба, проектантите и инвеститорите се секогаш сигурни во она што го добиваат. Со цел оптимално да одговори на сите градежни предизвици, Кнауф досега има иновирано и тестирано над 4.000 системи.

 

#Подетално за конкретни системи на ѕидови, тавани, облоги, специјални системи, како и за системите за малтерисување, зборуваше Блажен Зотовски, советник за сува градба во Кнауф. Во рамки на неговото излагање тој ги опфати и основните премази и течниот естрих на овој германски производител, а исто така ги запозна присутните со класификацијата на завршниот квалитет на површините при малтерисување или изведба на сува градба. На тема фасадни системи и поплочување говореше Александар Николовски, комерцијално – технички советник во Кнауф, кој поподробно се задржа на контактните фасади со стиропор или со камена волна и преку неколку документирани примери ја илустрираше неопходноста квалитетните градежни материјали да бидат правилно вградени во системите токму според упатствата на производителот. Николовски се осврна и на изборот на бои за фасадата во контекст на термичкиот ефект и последиците кои се јавуваат поради употреба на потемни бои.

 

Четвртата „Кнауф Академија“ ќе се одржи за една седмица, на 13.12.2013 (петок), во просториите на Скопски Саем.