Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Прошетка низ тажната судбина на главниот град на Јужен Судан
Следна статија
Тетово со нов театар и библиотека во 2018 година (ДОПОЛНЕТО)

Штуловиот универзитет со постројка за добивање енергија од биомаса

Објавено на 20.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирањеДенеска беше пуштена во употреба новата постројка за добивање на енергија од биомаса, со која Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово стана првата високошколска установа во државава што користи обновлива енергија за затоплување на своите простории. Наместо досегашното согорување мазут, од тековната грејна сезона па натаму ќе се користат пелети за добивање на топлинска енергија, со што значително ќе се намали емисијата на стакленички гасови. Денешната свеченост се одржа по повод одбележувањето на 13-годишнината од формирањето на „Штуловиот универзитет“.

 

Иновативниот систем за греење се состои од три котли на биомаса со вкупен капацитет од 1.650 киловати, кои ќе бидат доволни за затоплувањето на целиот универзитетски кампус со површина од 29.000 метри квадратни. Со инвестираните 400.000 евра се изгради и топла врска меѓу новите котларници, како и два резервоара за складирање на пелетите. Еколошкиот проект во оваа високообразовна установа се реализира врз основа на изготвениот Климатски акционен план (КАП), кој предвидува намалување на испуштањето на стакленички гасови во атмосферата за 35 отсто.