Вкупна сеопфатна загуба од работењето во висина од 57.494.000 денари прикажала штипската градежна фирма „Бетон“ во периодот јануари – јуни 2017 година. Оперативните приходи на компанијата растеле со поспоро темпо во однос на остварените оперативни расходи, покажуваат податоците објавени од Македонска берза. Оперативните приходи во првите шест месеци од годинава изнесувале 243.314 илјади денари. Најголем виновник за намалените приходи се остварените приходи од продажба во извештајниот период.
Консолидираниот неревидиран извештај за работењето на фирмата „Бетон“ од Штип посочува дека оперативните расходи во првото полугодие од 2017 година изнесувале 259.171 илјади денари. Во делот на оперативните расходи, најголемо зголемување има кај набавната вредност на трговските стоки.