Претходна статија
Ќе се работи на основни проекти за плажите во Охрид
Следна статија
Енергетскиот пасош ќе важи само за новоизградените објекти

Штипски „Бетон“ со тројно зголемена добивка во 2014 година

Објавено на 02.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градежната компанија „Бетон“ од Штип за речиси три пати ја зголемила вкупната добивка од своето работење во текот на 2014 година. Според објавениот неконсолидиран и неревидиран извештај на сајтот на Македонска берза, реализираните градежни проекти на оваа фирма и донеле вкупна добивка во висина од 93.942.000 денари или околу 1,5 милиони евра, односно за 297% повеќе во споредба со 2013 година. Оперативните приходи на штипски „Бетон“ минатата година пораснале на 824.639.000 денари, што е за 72% повеќе во однос на 2013 година. Најголемо зголемување е забележано кај изведените проекти на домашниот пазар.

 

Истовремено, оперативните расходи на градежната компанија раснеле со смалено темпо и истите изнесуваат 745.742.000 денари, односно се зголемени за 64% во споредба со претходната година. „Бетон“ од Штип во моментов работи на изведба на класицистичката фасада на административно – деловниот објект на МЕПСО во центарот на Скопје, додека во изминатите години учествуваше во изградбата на Стариот театар, Археолошкиот музеј, музејскиот комплекс „Македонска борба“, како и на станбено – деловни објекти.