Претходна статија
„Геинг“ ќе изготви проект за санација на автопатот Неготино - Д. Капија
Следна статија
Удрени темелите на ТИРЗ „Струмица“

Се зголемува енергетската зависност од странство, опаѓа употребата на обновливи извори на енергија

Објавено на 21.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Неодамна објавената публикација „Одржлив развој 2013“ на Државниот завод за статистика укажува дека зависноста на Македонија од увоз на енергија од странство расте, додека се намалува користењето на обновливите извори на енергија. Дури 45,8% од енергетските потреби на земјава во 2011 година се покриени од увоз од други земји, со што се јавува зголемување на енергетската зависност во 2011 година во споредба со претходната година. Дополнителен показател дека енергетскиот сектор не се развива во правилна насока се и податоците за учеството на обновливата во однос на вкупно потребната енергија, која во 2011 година изнесува само 10,4% и покажува пад во споредба со 2010 година.

 

 

 

 

Наспроти зголемувањето на употребата на цврстите горива, нафтата и природниот гас, употребата на обновливите извори како енергенс бележи намалување во 2011 година. Причина за ова е намаленото производство на хидроелектрична енергија, но и речиси целосната доминација на водниот потенцијал во однос на останатите обновливи извори при добивањето на енергија. Фотоволтаичните електрани за прв пат се појавуваат во производството на електрична енергија во 2010 година, иако нивното учество е незначително.