Претходна статија
Од ноември почнува изградбата на инфраструктурата во индустриската зона Визбегово
Следна статија
„Карпош АД“ со намалена добивка од работењето во првите шест месеци од годинава

Се враќа кредитот за изградба на Клинички центар во Скопје, го нема конкурсот за новата локација

Објавено на 27.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет беше прифатена одлуката за враќање на подигнатиот заем за изградба на нов Клинички центар на сегашната локација. Заемот го подигна претходната влада од Банката за развој при Советот на Европа, но сегашната извршна власт се одлучи да се гради целосно нов комплекс на локација што е утврдена во актуелниот Генерален урбанистички план за град Скопје во близина на селото Бардовци.

 

 

Прекинувањето на заемот се врши без предвидените негативни поени, со што нема да има последици по државниот буџет. Од Министерството за здравство информираат дека во претстојниот период ќе биде формирано тело што ќе работи на анализи и проценки, по што ќе бидат презентирани заклучоци од начинот, методологијата, намената и функционалните потреби за проектирање и градба на нов Клинички центар во една зграда во интегриран капацитет. „Ваков модел на градба ќе понуди соодветна циркулација и функционална поврзаност на сите единици и целини“ соопштуваат од Министерството за здравство. Во ова тело ќе има претставници од Европската Комисија во Скопје, Банката за развој при Советот на Европа, експерти и претставници на македонските институции.

 

Од ова министерство информираат дека стручни служби и надлежни институции работат на локацијата за нов Универзитетски клинички центар во близина на селото Бардовци. Македонската влада уште кон крајот на март годинава најави архитектонски Конкурс за избор на идејно решение по кое ќе се гради идниот комплекс, но ваков повик до архитектите не е објавен до денешен ден.

 

» Форумска дискусија за Клиничкиот центар во Скопје