Денес беше пуштен во пробна работа еден од двата водоскоци кои се градат во коритото на Вардар, на обете страни од Камениот мост. Се тестираше водоскокот пред Музејот Македонска Борба, додека оној пред Уставниот суд е во позаостаната фаза на изведба.
Според надлежните, водоскоците се состојат од еден главен млаз висок 30 метри и осум помали млазови високи по седум метри. Реализацијата на овој проект започна во јуни минатата година. Идејното решение го изработи „Инпума“, а изведувач е италјанската фирма „Ламоне Мореда“. Според информациите соопштени при почетокот на изградбата, финансиската тежина на проектот изнесува еден милион евра, средства кои ги вложи Владата на Република Македонија, преку Општината Центар.
Форумска дискусија за овој проект » овде