Претходна статија
Општинската зграда на Ѓорче Петров остана на темели
Следна статија
Просечната цена на становите во Скопје е 979 евра за метар квадратен

Се реконструира улицата „Орце Николов“ во Центар

Објавено на 28.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар ја започна реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, на потегот од булевар „Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“ во должина од околу 520 метри. Од локалната самоуправа денеска известија дека зафатот ќе се одвива во неколку фази. Досега е завршено стругањето на асфалтот, а во тек е нивелирање на шахтите и замена на старите ивичници со нови. Последна фаза е асфалтирање на улицата со ширина од седум метри. Вкупната површина на делот од улицата што се реконструира изнесува 3.600 метри квадратни.

 

* Извор на фотографија: општина Центар

 

 

Делот на улицата „Орце Николов“ во централното градско подрачје веќе подолг временски период се наоѓа во лоша состојба, со голем број дупки на коловозот кои што им создаваа проблеми на возачите. „На повеќето средби, кој ги имаше градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на овој дел од Дебар Маало, беше констатирана неопходна реконструкција на овој дел од улицата, поради лошата состојба на завршниот слој на асфалтот, кој оневозможуваше нормално одвивање на сообраќајот“, наведуваат од општина Центар.

 

Во овој реон во претстојниот период ќе се работи и на реконструкција на улицата „Наум Наумовски – Борче“ и на дел од улицата „Аминта Трети“.