Претходна статија
Улицата Македонска Војска се пробива кон Вардар
Следна статија
Профункционираа велосипедските пунктови во Скопје

Се реконструира дел од Првомајска

Објавено на 27.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започна најавуваната реконструкција на коловозот на улицатата Првомајска, на потегот од мостот на Маркова Река до фабриката „ОХИС“. Ќе се санираат вкупно 2,5 километри од сообраќајницата, додека на некои делови каде што дозволува теренот ќе се тампонира и трета лента за претекнување. Градот Скопје за овој проект од буџетот ќе издвои 14,5 милиони денари. Изведувач на градежните работи е „Хулуси комерц“ од Куманово, а рокот за завршување е 1 септември. Градоначалникот Трајановски изјави дека се работи на подготовка и на проектот за проширување на улицата на ниво на булеварско решение по целата должина, но минатата година од Градот уверуваа дека веќе се привршува со изработката на проектната документација за тој зафат. Распишување на тендер за избор на изведувач беше најавено за почетокот на годинава, а градежните работи требаше да почнат со завршување на зимата.



Форумска дискусија за овој проект » овде