Претходна статија
Општина Центар и годинава ќе доделува субвенции за велосипеди
Следна статија
Нема да се изведува „барок“ на деловниот објект на ЕЛЕМ и ЕВН

Се работи на проект за реконструкција на улицата кон гробиштата „Бутел“

Објавено на 02.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Скопските градски власти ќе изработат проект за реконструкција на улицата „Боца Иванова“ од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“ до раскрсницата со улицата „Лазо Трповски“ во општина Бутел. Санацијата на сообраќајницата што води кон гробиштата „Бутел“ би се спровела по изработката на проектната документација, за која што е проценето дека ќе се издвојат околу 290.000 денари. Коловозот на улицата „Боца Иванова“ на многу нешта е уништен, со што се отежнува движењето на возилата во овој дел од населбата Бутел.

 

*Фотографија од изведбата на новиот кружен тек на вкрстувањето со улицата „Боца Иванова“ во 2012 година

 

Градот Скопје пред шест години изгради кружен тек на вкрстувањето на улиците „Александар Урдаревски“ и „Боца Иванова“, така што сообраќајницата на овој потег се надогради на две коловозни ленти од по 3,5 метри и тротоари од двете страни на улицата. Со претстојниот зафат треба да се санира останатиот дел од трасата на улицата „Боца Иванова“.