Претходна статија
Потпишан договорот за изградба на Домот за стари лица во Охрид
Следна статија
Физибилити студија за проширување на ски - центарот „Пелистер“

Се продаваат седум градежни парцели во тетовското село Теново

Објавено на 12.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски понуди на продажба седум градежни парцели во тетовското село Теново, општина Брвеница, каде се предвидени стопански комплекси со комбинирани класи на намена. Парцелите се со големина од 1.997 до 5.733 метри квадратни, а вкупната површина на понуденото земјиште изнесува 28.310 метри квадратни. Продажбата ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање, со почетна цена од 61 денари за метар квадратен. Заинтересираните субјекти треба да ги достават пријавите за учество на електронската лицитација најдоцна до 21 јули, а истата ќе се одржи на 28 јули.

 

Купувачите ќе имаат рок од 9 месеци за да обезбедат одобрение за градење, а рокот за изградба на планираните објекти е 4 години од моментот на добивање на градежната дозвола.