Претходна статија
Никој не е заинтересиран за изградба на трамвајот во Скопје
Следна статија
Се создаваат услови за реализација на плоштадот „ВМРО“

Се продаваат плацови за куќи во населбата „Јака“

Објавено на 29.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден продава девет градежни парцели со површина од 352 до 524 метри квадратни за изградба на станбени куќи во населбата „Јака“. Заинтересираните за учество на електронското јавно наддавање треба да ги достават своите пријави најдоцна до 20 февруари, а неговото одржување е закажано за 26 февруари. Купувачите ќе имаат можност да се стекнат со бесплатно идејно решение и основен проект за своите објекти, со што значително ќе се забрза постапката за добивање градежна дозвола и ќе им овозможи заштеда и до 1.000 евра. Четирите идејни решенија и основни проекти за типизирани семејни куќи во населбата „Јака“ ги изработија бироата „Инком Инженеринг“ од Скопје и „Есперанца“ од Битола.