Претходна статија
Железничкото депо „Лисиче“ се реконструира со кредит од ЕБОР
Следна статија
Балканот до 2030 година треба да ги комплетира „ТЕН-Т Коридорите“

Се продаваат парцели за изградба на куќи и хотели на велешкото езерото „Младост“

Објавено на 21.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Велес распиша оглас за продажба на 27 градежни парцели за изградба на викенд-куќи и хотели на околу велешкото езеро „Младост“. Станува збор за 25 локации за изградба на индивидуални куќи со површина од 586 до 1.590 метри квадратни. Почетната цена на огласеното градежно земјиште изнесува 283 денари за метар квадратен. На заинтересираните домашни и странски инвеститори им се нудат и две парцели за изградба на хотели околу езерото, кои се продаваат по почетна цена од 283 денари за метар квадратен. Во согласност со урбанистичката документација за овој рекреативен центар, идните куќи ќе имаат дозволена висина од приземје и кат, додека хотелите ќе имаат максимална висина од приземје и два ката. Електронското јавно наддавање е предвидено да се одржи на почетокот на јули.