Претходна статија
ТЕМА: Македонија и Албанија без договор за автопатот од Коридор 8?!
Следна статија
Барокот на „Водовод“ оди под хипотека за да се доврши зградата

Се продаваат парцели во зоната „Речани 2“ и на езерото Младост

Објавено на 22.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Велес продава 16 градежни парцели во индустриската зона „Речани 2“ и на брегот на езерото Младост. На електронското јавно наддавање ќе се отуѓува државно неизградено земјиште со вкупна површина од 61.730 метри квадратни, од кои најголемата парцела е со големина од 31.747 метри квадратни. Локалната самоуправа на приватните инвеститори им нуди девет локации во индустриската зона „Речани 2“ наменети за објекти од лесната и незагадувачка индустрија и сервиси. Тие се продаваат по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, а лицитацијата за земјиштето ќе се одржи на 23 јануари 2015 година.

 

На атрактивниот локалитет покрај езерото „Младост“ се продаваат седум градежни парцели, од кои пет се наменети за изградба на мотели, а две за хотели. Ова градежно земјиште има почетна цена од 283 денари за метар квадратен. Електронското јавно наддавање за негова продажба ќе се одржи на 26 јануари 2015 година. Од општина Велес очекуваат дека со планираниот комплекс од мотели и хотели на познатото рекреативно место ќе се зголеми и подобри туристичката понуда за развој на ловен, риболовен и транзитен туризам во велешкиот регион.