Министерството за транспорт и врски денеска публикуваше оглас за продажба на градежно земјиште во струмичката општина Василево. На инвеститорите им се нудат две парцели од 10.958 и од 15.833 метри квадратни наменети за изведба на стопански комплекси за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи, со максимална катност П+2. Земјиштето е се наоѓа во месноста Гладно Поле, во близина на селото Градошорци. Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 61 денари за метар квадратен.
Пријавите за учество на лицитацијата треба да се достават најдоцна до 8 јануари 2016 година, а наддавањето ќе се одржи 15 јануари наредната година. Заинтересираните инвеститори ќе имаат рок од 12 месеци за да обезбедат одобрение за градење од општина Василево.