Претходна статија
Нова „бомба“ за парцелите на Водно
Следна статија
Обновливите извори на енергија сè уште неискористен потенцијал

Се продава земјиште за изградба на хотел и куќи на Мавровското езеро

Објавено на 23.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

МавровоОпштина Маврово и Ростуше продава осум градежни парцели во селата Маврови Анови и Маврово. Се работи за една парцела од 2.266 метри квадратни наменета за изградба на хотел и седум плацови за викенд – куќи со површина од 591 до 602 метри квадратни. Почетната цена на огласеното земјиште изнесува 61 денари за метар квадратен. Сите заинтересирани субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 21 април, а електронското јавно наддавање за земјиштето е предвидено да се одржи на 27 април. Откако ќе го купат градежното земјиште, најповолните понудувачи ќе имаат рок од девет месеци за да прибават одобрение за градење, додека рокот за изградба е 72 месеци од денот на добивање на градежната дозвола.