Претходна статија
Нови 68 двоспратни автобуси по скопските улици
Следна статија
Првомајска ќе прерасне во булевар со четири коловозни ленти

Се продава земјиште во прилепската индустриска зона „Металец“

Објавено на 10.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски во денешните изданија на весниците објави оглас за отуѓување на градежно земјиште за изградба на лесна и незагадувачка индустрија во прилепската индустриска зона „Металец“. Се продаваат 12 парцели во сопственост на државата со големина од 2.157 до 5.665 метри квадратни или со вкупна површина од 40.570 метри квадратни, на кои потенцијалните инвеститори ќе можат да подигнат фабрички објекти на површина од 17.285 метри квадратни. Максималната висина до венецот на објектите што би ги граделе заинтересираните субјекти изнесува 7,6 метри. Почетната цена на електронското јавно наддавање кое ќе се одржи на 16 април ќе изнесува 61 денар за метар квадратен. Најповолните понудувачи кои ќе го откупат земјиштето имаат рок од 6 месеци за прибавување на одобрение за градба, а индустриските објекти ќе треба да ги изградат во временски период од 72 месеци.