Претходна статија
Станбено - деловниот комплекс „Космос“ повторно се гради
Следна статија
Иновативните подземни контејнери пристигнуваат и во Скопје

Се продава парцела за образовна установа зад ТЦ „Скопјанка“

Објавено на 05.12.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежна парцела зад трговскиот центар „Скопјанка“ во општина Аеродром [»мапа]. На земјиштето со големина од 4.890 метри квадратни е планирано да се гради приватна образовна установа со приземје и три ката. Идниот објект за образование и наука со максимална висина од 16 метри е предвидено да има најмногу 4.889 метри квадратни корисна површина. Почетната цена за парцелата изнесува 61 денари за метар квадратен. Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 2 јануари, а најповолниот понудувач на лицитацијата ќе биде познат на 4 јануари наредната година.

 

Сите субјекти што сакаат да учествуваат на електронската аукција за земјиштето заедно со пријавата се должни да достават и банкарска гаранција во износ од 50.000 евра, со која понудувачот гарантира дека ќе ја уплати постигнатата цена на јавното наддавање. По склучувањето на договорот, идниот инвеститор има рок од девет месеци за да обезбеди одобрение за градење, а идниот објект за образование и наука треба да го заврши за најмногу шест години од денот на добивањето на градежната дозвола.