Претходна статија
Градот Скопје распиша јавен повик за поставување на два нови сплава во Вардар
Следна статија
Од денеска започнува новата сезона за изнајмување велосипеди во Скопје

Се продава нова градежна парцела кај старата железничка станица

Објавено на 01.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Предметната парцела (1.7); Камфуд пазар со административно - деловни содржини (1.6); Катна гаража (1.9)Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште во центарот на Скопје, со намена за изградба на големи трговски единици. Парцелата со површина од 2.085 метри квадратни се наоѓа близу старата железничка станица, помеѓу локацијата на која „Камфуд“ во моментов гради објект „Пазар со административно – деловни содржини“ и локацијата на која се гради катна гаража спроти седиштето на компанијата „Макпетрол“. Максималната површина за градење изнесува 435 метри квадратни, а инвеститорот ќе може да подигне здание со дозволена висина од 5 метри. Алтернативни класи на намена кои може да достигнат до 40% од површината на објектот се: колективно домување, групно сместување, времено сместување, големи угостителски единици, деловни дејности и државни институции.

 

Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 6.000 денари за метар квадратен или вкупна почетна вредност од 12.510.000 денари. Крајниот рок за доставување на пријавите за учество е 4 мај. Лицитацијата ќе се одржи на 11 мај, а компанијата што ќе победи е обврзана да обезбеди одобрение за градење во рок од 9 месеци по извршената продажба. Најповолниот понудувач е должен да го изгради објектот во период не подолг од 6 години од денот на добивањето на дозвола за градење. Неодамна, Министерството за транспорт и врски успешно отуѓи две градежни парцели со површина од 31.929 и 9.895 метри квадратни во рамките на ДУП „Стара Железничка Станица“, на кои турскиот холдинг „Лимак“ ќе гради повеќенаменски комплекс и институција од областа на културата.